Раиси: Израел никогаш не може да биде пријател на муслиманите

од Radmila Tasevska
198 прегледи

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска ги осуди обидите за нормализирање на односите на бројни исламски земји со, како што го нарече „ционистичкиот режим“, велејќи дека Израел никогаш не може да биде пријател на муслиманите, ниту пак би помогнал во развојот на тие земји.

На средбата со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Судан, Али ал Садик Али, Раиси истакна дека Иран го поддржува формирањето силна влада во Судан, како и територијалниот интегритет на оваа африканска земја.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, тој нагласи дека дистанцирањето на регионалните земји од „ционистичкиот режим“ е дел од основната политика на Иран.

– Денес е големо прашање за исламскиот народ од некои исламски земји – како можат да продолжат да одржуваат односи со тој режим, и покрај злосторствата извршени од ционистичкиот режим? Ако тие земји се обидоа да ги прекинат односите со ционистите, денес ние немаше да бидеме сведоци на континуирани напади и бомбардирања на палестинскиот народ во Појасот Газа, рече Раиси.

Слични содржини