Рајан Рејнолдс изјави на премиерата на својот нов филм “Deadpool” во Њујорк, дека е подготвен да го прелета целиот свет, за да ја види жена си Блејк Лајвли дури и за еден ден.97dc17e1c3781198b85371be564b4132

Очигледно канадскиот актер е прилично романтичен, барем што се однесува до неговата сопруга. Во моментов тој е една од најбараните ѕвезди во Холивуд, но истото може да се каже и за русокосата Блејк, кој гради доста успешна кариера во филмот, по завршувањето на серијата “Озборувачката”, која ја направи популарна.

Во моментов кон Рејнолдс и Лајвли доаѓаат предлози за различни улоги во продукции на Холивуд, но тие се обидуваат да ги синхронизираат своите распореди, па да имаат време и за семејството и најмногу за својата едногодишна ќерка Џејмс.

Затоа очигледно Рајан е подготвен да ја искористи секоја можност за да помине некое време со омилената Блејк.

Што се однесува до премиерата завчера, 28-годишната актерка беше неверојатна во фустанот на Chanel Couture.

Што се однесува до плановите на двојката за Денот на вљубените , Рајан рече: “Јас обиколив 15 земји за 20 дена, па немав многу време да размислувам за празникот, но сигурно ќе направиме нешто спектакуларно.”

 

Слични содржини