Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека „ќе остане предавник“ доколку предавството е да се размислува за мир, пренесува весникот „Коха“.
Тој посочи дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе опстане поради фактот што мора да има траен мир.
„Сакам да кажам дека ако е предавство да се размислува за иднината, да се размислува за мир, да се размислува за зголемување на соработката и економијата, да се размислува за социјална помош и да се размислува за конечно решение на косовското прашање, тогаш јас сум предавник и ќе останам да бидам предавник“, рече Рама.
Зборувајќи за односите меѓу Србија и Косово, Рама рече дека доколку Косово беше присутно во Белград со иницијативата „Отворен Балкан“, ќе имаше можност да ги зголеми своите економски капацитети и да го зајакне својот имиџ.
„Доколку беше присутно Косово, ќе беше можно, пред сè, со приклучување кон иницијативата за зголемување на неговите економски капацитети, да се зајакне неговиот имиџ како простор во кој странските инвеститори можат да инвестираат, да се создадат гаранции за сите оние кои инвестираат и кои би инвестирале во Косово, домашни или странски инвеститори, и со тоа би се стекнале со некои директни придобивки од економска природа, рече Рама.