Рама: Албанија во вселената, неверојатно, но вистинито (ВИДЕО)

од Milan1
432 прегледи

Албанија би можела да лансира сателит во вселената следната година, потврди албанскиот премиер Еди Рама во видеото објавено на Фејсбук.

Според информациите од кабинетот на албанскиот премиер, видеото следи по разговорот на Рама со еден од претставниците на компанијата која ќе овозможи лансирање на сателитот во март 2022 година.

Во видеото лицето кое не се гледа, зборува англиски, а неговите зборови се преведени на албански јазик. Тој зборува за сателитите „Албанија 1“ кој ќе биде готов во март, а вториот сателит „Албанија 2“, според видеото, ќе биде лансиран во јуни следната година.

„Албанија во вселената. Неверојатно, но вистинито “,  вели Рама во видеото, во кое не објави повеќе детали за местото на лансирање и видот на сателитот.

Рама пред неколку дена објави дека Албанија ќе има свои сателити за зајакнување на контролата врз целата територија на земјата. Според Рама, сателитите ќе се користат за цивилни цели.

Слични содржини