Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека на Европската унија и е потребен Западен Балкан, пред се поради нејзината безбедност.
Рама во интервју за германскиот весник „Меркур“ изјави дека нема смисла да се има внатрешни граници со регионот, како што нема смисла регионот да се остави под влијание на други, пренесува албанскиот портал Балкан Веб.
На прашањето дали мисли на Кина и на Русија, Рама одговара.
На констатацијата дека тензиите во регионот растат и дека Србија неодамна распореди оклопни возила долж административниот премин со Косово и Метохија, Рама вели дека тоа не може да се спореди со тензиите од претходните времиња.
– Тоа е дури и поврзано со тоа што поранешните противници денес сакаат заеднички да влезат во ЕУ. Воените конфликти настануваат кога државите се изолирани, а не во заедница. Сетете се на позитивните случувања што ги донесоа француско-германските односи или случајот со Ирска. Ризикот ЕУ да внесе конфликт во своите граници е мал, вели Рама.