Рама: Благодарност до ЕУ што нè поддржа во економскиот раст

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Оливер Вархеји изрази благодарност до ЕУ за сè што прави за евроинтегративниот пат на Балканот и напорите економски да му помогне на регионот.

-Ние сме со Вархји кој нè придружуваше во текот на патувањето и за првпат сме во оваа значајна промена на парадигмата. ЕУ не само што ја прави вообичаената работа, туку оди чекор понатаму за да ни пристапи, да го поддржи нашиот економски раст и интеграција во нов план за раст, што е иницијатива замислена надвор од рамките. Ова е резултат на нашиот дијалог и охрабрување, истакна Рама.

Според него во текот на изминатите 10 години е „направено многу за да се приближат западнобалканските земји кон ЕУ“.

-Јас сум многу задоволен што пристигнав во овој момент, не беше лесно, но е наградувано. Од друга страна, сакам да ви кажам дека сите напори што ги направивме над 10 години за европска интеграција ги добивме резултатите. Ако порано направивме повеќе, сега ќе бевме поблиски. Не е важно какви политички проблеми имаме, треба да го сториме тоа. ЕУ е подготвена да нè поддржи. Сето тоа се однесува на однесувањето на соседите, поради што овој политички дел треба да се реши на билатерални основи , рече Рама.

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји истакна дека земјите од регионот на Западен Балкан ќе добијат помош од шест милијарди евра, но оти по 2027 година ако не ги исполнат препораките ќе биде тешко да продолжи помошта.

Вархеји денеска во Тирана изјави дека очекува земјите од регионот наскоро да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.

Тој на завршната прес-конференција на самитот на лидерите на шесте земји од Западен Балкан рече дека времето на чекање за влез во ЕУ заврши.

– Неопходно е учество на регионалниот пазар, каде земјите би можеле да се натпреваруваат. После тоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена да прими нови членки. Ако сакате да ве третираат како дел од ЕУ, тогаш треба да ги третирате земјите од регионот како кон такви.

Слични содржини