Рама: ЕУ поподготвена да бидеме дел од неа, да соработуваме и да ја напуштиме „ старата балканска политика“

од Radmila Tasevska
405 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама на самиот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Тирана, оцени дека Европската унија е повеќе подготвена отколку порано за проширување и земјите од регионот треба да напредуваат со новиот план за раст, порачувајќи им на лидерите на земјите од регионот да не губат време.

Според него соработката помеѓу земјите од Западен Балкан е основен услов за членство во ЕУ, што не е само принцип на добро однесување, туку и критериум за процена на зрелоста на земјите преку нов план за раст.

-Во новиот план за раст, јасно е дека треба да ги преземеме потребните чекори за да одиме напред, или да не успееме да седнеме на масата на ЕУ. Нашите економии не можат да цветаат со спречување на слободно движење. Или ние ќе создадеме мир за да работиме за нашата благосостојба, или спротивното кое нè спречува. ЕУ сега е повеќе подготвена да ни помогне да бидеме дел од неа. Не треба да го изгубиме овој прозорец за можност, рекол Рама.

Се задржал и на заедничкиот пазар, изразувајќи амбиција да почне да се реализира во месец јуни годинава.

-Ако ги исполниме сите критериуми за заедничката зона за плаќање, ќе ги намалиме таксите за оние што живеат во странство да бидат поблиски. Со тоа, можеме да заштедиме, околу половина билион евра. Врз основа на искуството од „Отворен Балкан“, ова не е лесна работа. Ако успееме да ги вклучиме нашите 500 општини во Интернет -програмата на јавни места, што е нов близнак на ЕУ, можеме да го однесеме регионот на сосема друго ниво, оценил Рама.

Шефот на албанската влада упатил апел до земјите од Западен Балкан, во овој процес „да ја напуштат старата балканска политика“.

Слични содржини