Рамуш Харадинај оптимист: Се надевам дека Косово ќе биде следната членка на НАТО

Харадинај на „Фејсбук“ објави снимка од приемот во Пентагон и напиша дека барал да се покрене процес за членство на Косово во НАТО

од Бети Божиноска
249 прегледи

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај се надева дека Косово же стане ќленка на НАТО. Претседателот на Алијансата за Косово ѝ го честиташе на Шведска влезот во Алијансата, наведувајќи дека неговата држава би можела да биде следната членка во Алијансата.

„Политичко-воениот сојуз НАТО е засилен со членството на Шведска како 32.членка. Се надеваме дека сега на рд е Косово,“ напиша тој во пост на „Фејсбук.“

Оптимистичниот Харадинај, игнорирајќи го фактот дека на состаноците на НАТО, претседателката на Косово се претставува како ‘госпоѓа Вјоса Османи’, на крајот од февруари силно лобираше за прием на Приштина во северноатлантскиот сојуз кога во рамки на посетата на САД се сретна со Алтон В. Буланд, главниот директор на НАТО за Европа и политика.

Харадинај на „Фејсбук“ објави снимка од приемот во Пентагон и напиша дека барал да се покрене процес за членство на Косово во НАТО, додавајќи дека Косово и неговата војска се подготвени да станат ќленки рамо до рамо со САД и со другите земји кои се составен дел од Алијансата.

Инаки, според прописите, Косово нема право на сопствена војска иако со сите сили и со помош на западните сојузници се обидува да се милитаризира.

Слични содржини