Рашфорд нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд изјави дека нема намера да го напушти клубот.

Пред неколку дена беше објавено дека Пари Сен Жермен е заинтересиран за 24-годишниот Англичанец.

„Јас сум 100 проценти лојален на Манчестер Јунајтед. За мене ова прашање не е ни за дискусија. Чувствувам дека без разлика на ситуацијата, морам да дадам се од себе за мене, семејството, пријателите и навивачите. Отсекогаш сум сакал и сакам да останам во клубот што е можно подолго, сакам да се борам за трофеи со него. Се надевам дека ќе се вратиме на претходното ниво и ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Рашфорд за „Sky Sports“.

Напаѓачот е дете на Манчестер Јунајтед. Од почетокот на сезоната одигра два натпревари за „црвените ѓаволи“.

Слични содржини