Распоредив нуклеарни глави, десетици воени глави, многу луѓе велат дека тоа е шега, но не е

од Milan1
39 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјавил дека неговата земја има нуклеарно оружје.

„Распоредив нуклеарни глави. Десетици воени глави. Многу луѓе велат дека тоа е шега, но не е“, изјавил Лукашенко за време на посетата на градот Борисов, објави руската новинска агенција Тасс.

Коментирајќи за плановите за распоредување на ненуклеарниот руски ракетен систем Орешник во Белорусија, тој истакнал дека употребата на овие видови на оружје носи голема одговорност.

„Од Хирошима и Нагасаки никој не го притиснал нуклеарното копче. Дури ни водечките сили, а камо ли Белорусија”, рече Лукашенко, додавајќи дека ги предупредил своите „непријатели, пријатели и ривали” за неприфатливоста на прекршување на државната граница на Белорусија.

Според претходните извештаи, Москва ги објавила своите планови за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, слично на она што САД го прават на територијата на своите сојузници.

Москва му обезбедила на Минск тактички ракетни системи Искандер и му помогнала на Белорусија да ги опреми своите авиони за носење специјално оружје.

Исто така, беше објавено дека воените глави веќе се во Белорусија, а Лукашенко изјави на крајот на април 2024 година дека Русија распоредила неколку десетици нуклеарни глави.

Слични содржини