Здравствените права на луѓето што употребуваат дроги се загрозени од многубројните прекршувања на нивните човекови права при контакт со полицијата, и во 2015 година продолжил негативниот тренд на неказнување на физичкото насилство кое е мотивирано од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, се вели во последниот годишен извештај на Коалицијата „Сексуални и здравствените права на маргинализираните заедници“ за состојбата со нивните човекови права.

12746501_10208781646353712_26410357_n-685x320

На денешната презентација на годишниот извештај на Коалицијата беше речено дека со стручната анализа бил утврден дискриминаторски третман на корисниците на дрога и лицата што живеат со ХИВ во повеќе учебници за средно и високо образование.

Се уште нема план за обезбедување на одржливоста на воспоставените програми за ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ, по заминувањето на Глобалниот фонд на крајот од 2016 година, согласно препораките на јавната расправа одржана од собраниската комисија за здравство.

Комисијата за заштита од дискриминација не го почитува законскиот рок за постапување во случаи на флагрантни повреди на човековите права.

Дел од медиумите продолжиле со сензационалистички и стигматизирачки пристап кон лица што живеат со ХИВ и кон сексуални работници, се податоците од наодите на Коалицијата.

Се уште не се откриени и изведени пред правдата сторителите на кривични дела од омраза во претходните неколку години. Од Коалицијата велат дека неказнивоста на насилството ги охрабрува насилниците мотивирани од омраза и ги обесхрабрува жртвите да пријавуваат насилство и да покренат постапки против сторителите

– На „Недела на гордоста“ ЛГБТИ-заедницата организираше неколку протести пред институциите со цел да се изрази незадоволството од континуираното хомофобично и трансфобично насилство, отсуството на соодветен институционален одговор, хомофобичните и шовинистичките кампањи и медиумскиот молк. И покрај протестите, повторно беше загрозена сигурноста на учесниците на „Лезбејскиот пикник“, по хомофобичниот говор на омраза на социјалните мрежи, рече Жарко Трајановски.

Владината кампања за уставно дефинирање на бракот поттикнала дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација.

Владата и Собранието не дозволија сексуалната ориентација и родовиот идентитет да бидат внесени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

„Кампањата „За нација без дискриминација“ беше дочекана со повикување на насилство врз основа на сексуална ориентација (повици за ликвидација). Надлежните институции не постапија итно во случаите на говор на омраза, што ги охрабрува сторителите, а ги обесхрабрува жртвите. Не се почитува праксата на ЕСЧП, и не им се овозможува правно признавање на полот на сите транс луѓе во Македонија“, се констатира во извештајот.
– Имаме нови случаи на говор на омраза, меѓутоа немаме уште одговор ниту на старите. Единствена добра соработка имаме со Советот за етика во медиумите, но и тие се соочуваат со свои проблеми во однос на имплементација на одлуките кои тие ги донесуваат, па за жал не можеме да го сметаме тоа за ефикасен начин за заштита од говор на омраза за ЛГБТИ заедницата“, рече Драгана Дрндаревска.

На универзитетите се уште се користат дискриминаторски учебниц во кои хомосексуалноста е опишана како „неприродна“, „нездрава“ и „загрозувач на опстанокот на човечкиот вид“, велат од Коалицијата.

„Анализирани беа учебници кои се користат во средните и високообразовните установи и како се претставени лицата кои користат дроги и лицата кои живеат со ХИВ. Генерално во 22 учебници беше заклучено дека авторите користат терминологија со која се кои се деградираат и навредуваат луѓето кои користат дроги и се презентирани неточни информации за зависностите од дроги и понатаму ја продлабочуваат стигмата кон овие луѓе именувајќи ги како криминалци а не како луѓе кои имаат потреба од здравствена заштита“, рече Наташа Бошкова.

Во извештајот е нотиран и начинот на кој се избира новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација.

„По објавениот конкурс на крајот на 2015, Собранието избра повеќе некомпетентни комесари за заштита од дискриминација, меѓу кои има и такви што јавно поттикнувале говор на омраза против „крвниците“, „злогласните НВО“ и „предавниците“, и што отворено застапувале хомофобични ставови во јавноста дека хомосексуалноста е неприродна и ненормална“, се вели во ивештајот на Коалицијата.

Слични содржини