Разликата во платите помеѓу Источна и Западна Германија изнесува 824 евра, а просечната 4.468 евра

од Сенада Ибраимова
222 прегледи

Разликата во платите меѓу Источна и Западна Германија е голема и по 33 години од обединувањето на земјата. Редовно вработените на исток лани заработувале во просек по 824 евра бруто месечно помалку отколку на запад, пренесува dpa.

Една година претходно, разликата беше 842 евра, според податоците објавени од Заводот за статистика на барање на Серен Пелман, левичарски функционер во Бундестагот.

Просечната месечна бруто плата во Германија во 2023 година, без бонуси и други посебни бенефиции, изнесува 4.468 евра. На запад просекот бил 4.578, а на исток 3.754 евра (бруто).

Просечната плата била највисока во Хамбург, 4.970 евра, а најниска во источната покраина Саксонија-Анхалт, односно 3.688 евра бруто.

Ова значи дека Германците на истокот во просек достигнале 82 отсто од платата на западот во земјата, истакна Пелман.

Разликата во плати е постојано над 800 евра во последните 10 години.

„Повеќе од три децении левицата бара еднакви услови за живот на истокот и на западот врз основа на Уставот, но сепак, реалноста е поинаква“, рече Пелман, пратеник во парламентот од Лајпциг.

Слични содржини