Реал Мадрид го претстави Куртоа

од Vladimir Zorba

Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално го претстави новото засилување Тибо Куртоа. Белгискиот голман, поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид, се приклучува на „лос бланкос“ од Челзи. Претходно денеска 26-годишниот Куртоа ги помина успешно медицинските прегледи и потпиша официјално договорот со својот нов тим во присуство на претседателот Флорентино Перез

Куртоа беше претставен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Церемонијата започна со неколкуминутен клип со импресивни одбрани на Куртоа.

Потоа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одржа говор во кој го поздрави Куртоа како „одличен играч со огромен талент“ и ги истакна силните настапи на Белгиецот на одржаното ова лето светско првенство во Русија, каде „црвените ѓаволи“ освоија го бронзениот медал.

Самиот Куртоа, исто така, имаше кратка изјава, велејќи дека му е мило што доаѓа во „најдобриот клуб во светот“.

„Денес доаѓам да остварам сон. Од дете сонувам за овој момент да се случи. Хала Мадрид!“, рече Куртоа.

Слични содржини