Рецепт за посни ванилици со мелени бадеми

од Radmila Tasevska

Посните ванилици се непогрешлив избор кога сакате да се засладите. Посните ванилици со ореви се задолжителен десерт на славите. За денеска подготвивме неодоливи ванилици со мелени бадеми. Освојуваат на првиот залак!

Состојки:

– 25 грама мелени бадеми
– 130 грама брашно
– 20 грама пченкарно брашно
– 100 грама маргарин
– 50 грама шеќер во прав
– 150 грама брашно

Плус состојки:

– 100 грама џем од кајсии (или друг џем по желба)
– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во сад ставете го просеаното брашно, па додајте го пченкарното брашно, мелените бадеми, шеќерот во прав. Додајте го омекнатиот маргарин, па соединете ги состојките. Замесете тесто и оставете го да отстои околу 10 минути. Работната површина посипете ја со брашно, замесете, па со сукало развлечете го тестото, а потоа ставете го во фрижидер 5-10 минути. Доколку е потребно, повторно со сукало развлечете го тестото за ванилиците, па со модли (или со помала чаша) втисенете ја саканата форма во тестото. На половина од втиснатите ванилици направете кругови (можете да користите предмети од кујната за да испаднат што поблиску до обликот на круг). Наредете го обликуваното тесто за ванилици на хартија за печење на плех, а потоа соберете го остатокот од тестото, измешајте, расукајте со сукало и повторете ја постапката.

Печете на 180 степени околу 7-8 минути додека не порумени. Загрејте го малку џемот од кајсии и со помош на лажица нанесете го на половина од тестото за ванилици на кое не сте втиснале кругови. Покријте ги со преостанатата половина на која сте ги втиснале круговите (онаа половина од тестото која претходно сте ја посипеле со шеќер во прав).

Слични содржини