Антикорупциската агенција на Нигерија денеска објави дека 792 лица биле уапсени за време на рација во зграда за која се верува дека е центар на операции на група измамници кои ги намамале жртвите со понуди за романтични врски и потоа ги принудувале да инвестираат криптовалути за лажни инвестиции
„Осомничените, меѓу кои 148 Кинези и 40 Филипинци, беа уапсени на 10 декември во седумкатницата во Лагос, комерцијалниот центар на Нигерија“, изјави Вилсон Увуџарен, портпарол на Комисијата за економски и финансиски криминал, според Ројтерс. Според него, во таа луксузна зграда бил отворен кол-центар, од кој целните жртви се главно од Америка и Европа.
Кога жртвите паднаа на измамата, беа под притисок да префрлат пари на лажни крипто-шеми и бројни непостоечки инвестициски проекти.
„Нигериските соучесници беа регрутирани од газди од странство со задача да бараат жртви на Интернет и да таргетираат главно Американци, Канаѓани, Мексиканци и граѓани на неколку европски земји“, рече Увуџарен, пренесе Танјуг.