27
Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки во Бангладеш и регионот ги оставија речиси три милиони луѓе блокирани, пренесува ДПА.
Во текот на изминатите три дена, спасувачките екипи евакуираа околу 75.000 луѓе од вкупно 2,9 милиони луѓе за кои се верува дека се погодени од катастрофата, изјави висок владин претставник во Дака.
Тој ја потврди смртта на две лица, иако локалните медиуми објавија дека бројот на загинати е четири.
Метеоролошкиот оддел на Бангладеш соопшти дека нивото на главните реки во североисточните и источните региони на Бангладеш продолжува да расте.