Редок астрономски феномен во петок, седум планети наредени во една линија

од Milan1
51 прегледи

Редок феномен, познат како „парада на планетите“, ќе се случи на 28 февруари, кога на ноќното небо ќе бидат видливи истовремено седум планети наредени во линија, што е последен ваков настан до 2040 година.

Од јануари на небото со голо око може да се видат Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, а со помош на телескоп Уран и Нептун кои од Земјата изгледаат како да се наредени. Меркур ќе им се придружи на овие небесни тела во петок. Од денеска до петок, повеќето планети ќе бидат видливи со голо око веднаш по зајдисонце. Меркур, Венера, Јупитер и Марс ќе бидат видливи со голо око, Сатурн ќе биде потешко забележлив бидејќи ќе биде ниско на хоризонтот, додека Уран и Нептун може да се видат само со телескоп, пишува „Science Alert“.

Не е невообичаено неколку планети да се наоѓаат на иста страна од Сонцето во исто време, но поретко е вака да се порамнат повеќето или дури и сите планети. Секој број на планети од три до осум претставува порамнување, а спојот од пет или шест планети е познат како големо порамнување. Порамнувањата на пет планети се значително почести од шест, а главните порамнувања со седум планети се најретки, пренесува „Танјуг“.

Порамнување на четири или пет планети, видливи со голо око, се случува на неколку години, а кон крајот на август, четири планети ќе бидат видливи одеднаш пред изгрејсонце.

Слични содржини