Во Германија минатата година, полицијата регистрираше повеќе од 84.000 политички мотивирани злосторства. Ова е највисоко од воведувањето на статистиката во 2001 година, објави германската новинска агенција (dpa).
Во споредба со 2023 година, бројот на политички мотивирани кривични дела познати на полицијата се зголемил за околу 40 проценти.
Федералната криминална полиција, меѓу другото, ги наведе изборите и конфликтот на Блискиот Исток како причини.
Заедно со изборите за Европскиот парламент во јуни, се одржаа регионални избори во Саксонија, Тирингија и Бранденбург, како и делумно повторување на федералните избори во Берлин.
Кампањата за предвремени избори за Бундестагот во февруари годинава, исто така, остави свој белег.
Најголем пораст е забележан кај кривичните дела за кои се претпоставува дека се мотивирани од десничарска ориентација. Од 28.945 пред две години, бројот на вакви кривични дела скокна на 42.788 во 2024 година.
Меѓу 4.107 насилни акти со политички мотив, уделот на оние со десничарска позадина е особено висок и изнесува околу 36 проценти.
Речиси 24 проценти од нив биле спроведени под „странска идеологија“, а 19 проценти полицијата ги припишала на екстремно левичарската средина.
Во 19.481 случаи, полициските службеници ја идентификувале ксенофобијата како мотив.
Антисемитизмот е наведен во 6.236 случаи.