Рекорден број заразени: Во Турција регистрирани повеќе од 39.000 нови Ковид случаи

155 прегледи

Турција забележа рекорден број на пациенти со корорнавирус од почетокот на пандемијата – 39.302 на околу 240.000 тестови, според Министерството за здравство.

Владата ги ублажи мерките на почетокот на месецот, но бројот на пациенти се зголеми, објави Ројтерс.

Во понеделникот, претседателот Реџеп Таип Ердоган објави дека мерките се заоструваат, вклучително и заклучувањата за време на викендот за време на Рамазан, кој започнува за две недели.

Министерството за здравство соопшти дека денес починале 152 лица, а бројот на жртви од Ковид од почетокот на пандемијата е 31.537.

Слични содржини