Рекордни 13,42 милиони млади Кинези го полагаат приемниот испит на Националниот универзитет во Кина, познат како „гаокао“, оваа година.
Оваа бројка е рекордна од обновувањето на матурата во Кина во 1977 година, а оваа година полагаат 510.000 студенти повеќе на испитот, отколку минатата година кој започна во петокот, објави Министерството за образование, а пренесува Кинеското меѓународно радио.
Испитот се смета за клучен за младите Кинези, со резултатите што го одредуваат нивниот прием на универзитет, па дури и ги обликуваат нивните изгледи за кариера.
Оваа година седумте провинциски региони Хеилонгџијанг, Гансу, Џилин, Анхуи, Џиангкси, Гуижоу и Гуангкси воведоа промени на испитот.
Покрај единствениот национален испит за трите главни предмети, а тоа се кинески, математика и странски јазик, учениците од тие региони можат да изберат дали ќе полагаат физика или историја и да изберат два други предмети меѓу идеологија и политика, географија, хемија и биологија.
Државниот приемен испит на универзитетите во Кина, или гаокао, се одржува секоја година од 6 до 8 јуни. Гаокао за прв пат се одржа во 1952 година, а за време на Културната револуција беше суспендиран на 10 години, од 1966 до 1976 година.