127
Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, денеска ги посетил студентите кои го „окупираа“ Филозофскиот факултет и прогласија Автономна зона.
Тој на кратко разговарал со студентите и им рекол дека не се согласува со ваквиот начин на дејствување. Како што им кажал, и тој се бори за истата цел, но, според него, требало да се преговара со Владата.
Запрашан дали се чувстуваат искористени во дневно-политичките шеми на власта, тој одговорил дека тоа не го засега и не му било важно.
Поголемиот дел од студентите продолжиле со редовните активности од програмата на Автономната зона и предавањето кое течело во моментот и не навлегле во комуникација со него.