Републиканците во идното свикување на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе имаат тесно мнозинство од 220 пратеници наспроти 215 демократи, откако демократите добија едно пратеничко место во Калифорнија, покажуваат најновите податоци на Истражувачката агенција Едисон, пренесува „Ројтерс“.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и републиканците ќе ја контролираат Белата куќа и двата дома на Конгресот почнувајќи од следниот месец по ноемвриските избори на кои демократите ги загубија и Белата куќа и Сенатот, објави „Ројтерс“.
Тенкото мнозинство во Домот што сега го имаат републиканците дополнително ќе се намали на 217-215 во јануари, откако Трамп избра двајца републикански пратеници за главните позиции во неговата администрација, Мајк Волц и Мет Гец и покрај тоа што вториот подоцна се повлече.