Републиканците со иницијатива за преименување на аеродром во Вашингтон во чест на Трамп

Аеродромот моментално го носи името на Џон Фостер Далс, државен секретар во 1950-тите, додека помал аеродром во градот го носи името на поранешниот претседател Роналд Реган.

од Бети Божиноска
165 прегледи

Патниците кои летаат кон главниот град на САД наскоро би можеле да слетаат на „Меѓународниот аеродром Трамп“ ако неколку посветени конгресмени триумфираат во законодавната кампања која речиси сигурно ќе пропадне, пренесува „Франс24“.

Поддржувачите на Трамп во Претставничкиот дом денеска ги започнаа напорите за преименување на главниот аеродром во Вашингтон во знак на восхит кон поранешниот претседател кој се кандидира за нов мандат во Белата куќа.

Аеродромот моментално го носи името на Џон Фостер Далс, државен секретар во 1950-тите, додека помал аеродром во градот го носи името на поранешниот претседател Роналд Реган.

Републиканскиот конгресмен Гај Решенталер рече дека претставува закон за промена на името на аеродромот бидејќи Трамп бил „најдобриот претседател во мојот живот“.

„Додека милиони домашни и меѓународни патници минуваат низ аеродромот, нема подобар симбол на слободата, просперитетот и силата од тоа да се слушне: „Добредојдовте на меѓународниот аеродром Трамп“ додека слетуваат на американско тло“, истакна Решенталер.

Нацрт-законот има најмалку шест коспонзори, но не е на пат да стане закон бидејќи републиканската поддршка во Домот е неизвесна, а демократите ги контролираат Сенатот и Белата куќа. Нацрт-законот ќе бара промена на името на еродромот во кој било закон, регулатива, карта, документ или друг официјален запис.

Доаѓајќи веднаш по Денот на шегата, кампањата наиде на остри критики од противниците.

„Далс е стар, грд аеродром што никој не сака да го види. Затоа мислам дека ова е сосем соодветен знак на почит“, нагласи демократскиот конгресмен Брендан Бојл.

Слични содржини