Реџепи: Министерството за транспорт и врски како никогаш досега инвестира преку една милијарда евра во патната инфраструктура

од Destan Jonuzi
463 прегледи

Министерството за транспорт и врски како никогаш досега инвестира преку 1 милијарда евра во патната инфраструктура. Континуирано се работи на подобрување и модернизирање на патната инфраструктура што може да се увиди од многу бројните проекти што ги реализираме на целата територија на државата, вели во интервју за „Локално“, Беким Реџепи -заменик министерот за транспорт и врски.

Тој потенцира дека Владата силно е фокусирана во изградба на автопските делници на Коридор 8, експресните патишта како и рехабилитација и реконструкција на магистралните и регионланите патни правци.

– Изминатата седмица започнавме со изградба на железничкиот коридор 8 на исток а до крај на годината очекуваме да заочнеме и со изградба на автопатските делници на коридор 8 и коридор 10 д. Во однос на другите проекти предвидени за оваа година, можам слободно да кажам дека се реализираат без проблеми и во континуитет. Тука би ги набројал проектот за локлани патишта, за изградба на канализации и водоводи, за браната Отиња, за подобрување на граничните премини итн, истакнува Реџепи.

Како тече реализацијата на капиталните инвестиции оваа година, и како би ја споредила во однос на 2021 година?

-Капиталните проекти се градата со несмалена динамика. Тоа подразбирa дека сите предвидени проекти во буџетот се во одредена фаза на реалзаијца. Би сакал да спомнам дека преку 71 проценти од капиталните проекти на буџетот на министерството за транспорт и врски се алоцирани во изгардба на железницата и автопскатките делници. Изминатата седмица започнавме со изградба на железничкиот коридор 8 на исток а до крај на годината очекуваме да заочнеме и со изградба на автопатските делници на коридор 8 и коридор 10 д. Во однос на другите проекти предвидени за оваа година, можам слободно да кажам дека се реализираат без проблеми и во континуитет. Тука би ги набројал проектот за локлани патишта, за изградба на канализации и водоводи, за браната Отиња, за подобрување на граничните премини итн. Нашите проценки се дека оваа година ќе завшршиме со преку 90% со реализација на буџетот на МТВрски за капитални инвестиции.

Каква е состојбата со патната инфраструктура во С. Македонија?

-Министерството за транспорт и врски како никогаш досега инвестира преку 1 милијарда евра во патната инфраструктура. Континуирано се работи на подобрување и модернизирање на патна инфраструктура што може да се увиди од многу бројните проекти што ги реализираме на целата територија на државата.

Силно сме фокусирани во изградба на автопските делници на Коридор 8, експресните патишта како и рехабилитација и реконструкција на магистралните и регионланите патни правци. Можам да наведам само неколку на кои моментално се работи: Изградба на автопат Кичево – Охрид, изградба на автопатска делница Скопје – Блаце, го завршивме експресниот пат Штип – Радовиш, работиме на изгардба на експресен пат од Градско преку Дреново до Фариш, на изградба на нов експресен пат од Крупиште до Кочани, рехабилитација на патен правец Фариш – Прилеп ( превој Плетвар), понатаму на рехабилитација на Струга – ГП Ќафасан, Маврово – Жировница, изградба на нов пат од Гарски Мост до Кичево и други регионални и магистрлани патни правци. Очекуваме да започнеме со изградба и на автопат Кичево – Букојчани веќе следната година, како и изгардба на автопските делцнии Струга – Ќафасан – Требениште, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и од Приуле до Битола.

Актуелна е изградбата на коридорот 8 и 10. До каде е постпаката, колку фирми се пријавени? Дали има пријавени домашни компани?

За коридор 8 и 10 Д веќе е донесен Законот за стратешки интерес за изградба на делниците на овие коридори и тој закон помина во собранието. Законот опфаќа договор за изградба на автопатските делници Ќафасан – Струга – Требениште, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и од Прилеп до Битола со конзорциумот Бехтел и Енка. Но пред да се потпише договор со Изведувачот, државата ќе избере Консултант кој ќе ги води преговорите со Бехтел во делот на цената и динамиката на проектирање, изградба и сите други елементи.
Во овој момент во јавното претприатие за државни патишта се прави евалуација на понудите за избор на консултант. Очекуваме набрзо да се избере консултанотот и можам по моја проценка да кажанм дека доколку преговорите завршат успешно, тогаш изградбата на овие делници може да започнаат оваа година.

Автопатот Кичево – Охрид е „трн во очите“ на граѓаните и често опозицијата обвинува за криминал во текот на сите овие години како се гради. Како моментално се одвиваат работите и дали можеме да очекуваме ново одложување на официјално пуштање на делницата?

-Наследивме многу проблеми на оваа автопатска делница но тие се веќе минати и не сакаме да зборуваме за тоа што претходно се случувало. Најважно е дека се отклонети сите недостатоци, и веќе максимамлно се работи на реализацијата на овој многу важен проект. Моментално се работи со силно темпо до сега е реализирано преку 71 % од проектот. Според договорот крајот на завршувањето на работите е крајот на 2023 година, и досега немало разговори за продолжување на рокот ниту пак зголемување на финансиските средства.

Патот Скопје-Блаце, проект на кој се работи долги години, исто така доживува проблеми…Што се случува?

-Изградбата на автопатска делница Скопје – Блаце веќе е во континуитет и таму тековно се работи на првата делница од 2 км. Во текот на градбат се појави огромно слвеќиште за што дополнително се правеше проект и заради тоа се пролонгира изградбата за краток временски период. За втората фаза од 10 км до крајот на годината очекуваме да се заврши проектната документација и веднаш да се распише тендерската постапка за избор на изведувач. Она што е најважно е дека имаме обезбеднпо средства за изградба.

Беким Реџепи

Беким Реџепи

Ова е несомнено значајна автопатска делница од рута 6 на европските коридори и силно сме посветени на нејзината изградба заради подобра конекција со соседите и зголемување на трговската размена, побрз проток на стока итн.

Викендов се одржа церемонија повод почетокот на изградбата на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Иако железничкото поврзување со нашиот источен сосед го чекаме со децении, дали ова е чекор во вистинска насока кон овој „подвиг“?

-Да, започнувањето на овој проект е дел од европската перспектива на Република Северна Македонија. Изградбата на оваа пруга е предуслов за одржлив економски развој не само за нашата земја, туку и за целиот регион и затоа во претходниот период бевме силно посветени на сите оние потребни процедури за да избереме квалитетен изведувач кој ќе ја заврши изградбата. Северна Македонија нема време за губење, пругата е приоритет и мора да се изгарди. Имаме точни рокови со изведувачите и се обврзуваме во рамки на тие рокови да ги завршиме двете делнции од Куманово до Бењаковце и од Бењаковце до Крива Паланка.

За третата делница од источниот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Република Бугарија одобрен е инфраструктурниот проект, а нашите тимови со тимови од Република Бугарија веќе работат на постапките за заедничкиот тунел и заедничката железничка станица. Очекуваме веќе следната година да распишеме јавен повик и да ја започнеме изградбата и на оваа последна делница од железничкото поврзување на Исток каде што веќе на располагање имаме 61 милиони евра од ИПА програмата како и 155 милиони евра од ВБИФ – Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на Европската Унија.

Во последниов период се промовираат колективните станбени градби. Дали планирате да го развивате понатаму овој проект, со оглед на социјалниот карактер на државава? Каде според вас најмногу има потреба од ваков тип на згради?

-Во рамките на буџетот на Министерството за транспорт и врски имаме предвидени средства за изградба само на социални згради. Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба вкупно 853 социјални станови. Од кои: Пробиштип 48 завршени – распишан јавниот повик во август, Виница 36 завршена – во тек јавен повик, Свети Николе 48 завршена – во тек јавен повик, Гостивар 70 завршена – распределeни, Неготино 62 – во завршна фаза Демир Капија 16 – во завршна фаза, Гевгелија 52 – во завршна фаза, Бутел 312 – во тек, Велес 29 – во тек, Кочани 34 – во тек, Пехчево 36 – во тек, Сарај 59 – почеток на градба, Македонски Брод 10 – распределени, Струмица 37 – распределени.

Економската криза доведе до кратење на многу проекти и наметна штедење во секој поглед од страна на министерствата. Како се придружувате до препораките на Владата и дали кризата ќе скрати дел од идните проекти на Министерството за транспорт и врски?

-Капиталните проекти се реализираат со несмалена динамика. Нема кратење на буџетски средства наменети за капитлните проекти. Заради светската криза и конфликтот во Украина има мало пролонгирање, но сите капитални проекти се реализираат во континуитет. Во одонс на енергетската криза можам слободно да се пофалам дека Министерството за транспорт и врски е едно од министерствата каде што во овој период покажа најголема дициплина во поглед на штедењето за електричната енергија со оглед на кризата. Потрошувачката за електрична енергија ја намаливме за дури 30% со што покажуваме пример и за другите институции па и за граѓаните дека во време на оваа глобална енергетска криза може да се штеди.

Д.Ј.

Слични содржини