Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески, посочи дека уште од самиот старт погрешна е прогнозата и стратегијата за справување со Ковид 19 од страна на Министерот Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски.
„Постојано ни стигнуваат негативни извештаи во рамки на справување со Ковид кризата. Имунизацијата и вакцинацијата е уште доказ за неспособноста на актуелната власт. По една година, Владата сега направи адаптација за законската регулатива, која беше клучна за набавката на вакцините. Македонија и Косово се единствените земји кои не го започнале процесот на вакцинација. Заев и Филипче до неодамна и се потсмеваа на Србија и тврдеа дека сме лидери во подготвеност во рамки на овој процес. Ги слушнавме за приказните за Грција и Бугарија, па потоа „ни удри“ шлаканица и Србија. Ние како здравствени влсти, недозволиво е да немаме план за вакцинација“, истакна Ристески.