369
Во рамки на своето гостување, Малинка Ристова во „Само вистина“ ги искоментира позициите на земјите членки на ЕУ во однос на нашата земја и евроинтеграциите. Исто така, посочи дека Бугарија наметнува барања исклучиво засновани на нивните убедувања.
„Холандија е добар партнер на нашата земја во рамки на евроинтеграцијата. Франција пак, нема иницијатива во нашиот случај. Бугарија е очигледно дека нема да попушти, бидејќи имаат билатерални барања. Видливо е дека нивните барања се засноваат исклучиво на нивните толкувања на историја“, вели Ристова.