За музичката програма на Супербоул беше задолжена една од најголемите ѕвезди на планетата Ријана, која на публиката и приреди спектакуларен настап за оваа пригода.
Во интервју една недела пред настапот, Ријана беше прашана дали ќе има изненадувања за време на музичката програма на стадионот Стејт Фарм во Аризона.
Rihanna's full Superbowl Halftime Performance pic.twitter.com/2CrDybfJJn
— 🎥 (@megsmedia) February 13, 2023
„Размислувам да донесам некого“, рече тогаш Ријана и навести дека ќе има специјален гостин за публиката.
Обожавателите претпоставуваа дека пејачката зборува за еден од колегите со кои соработувала во текот на нејзината долга кариера.
Сепак, Ријана ги шокираше сите кога откри кој бил специјалниот гостин на нејзиниот настап.
This performance specially this section ❤️❤️❤️❤️ choreography is insane #rihanna #SuperBowl #RihannaSuperBowl #riri #badgalriri #wildthoughts #RihannaNavy @rihanna @AppleMusic @NFL pic.twitter.com/NUNt4v3Pk5
— Nikhil Thakur (@nikzthakur27) February 13, 2023
Пејачката сподели со публиката дека е бремена и чека уште едно дете, па го покажа трудничкиот стомак.
Таа се облече во црвен комбинезон и се појави на една од неколкуте пловечки платформи кои се издигнаа високо над толпата, додека група танчери, облечени во бело, дадоа се од себе за да го подобрат сценскиот ефект на музичката програма.