Пејачката Ријана по петгодишна пауза повторно блесна на сцената, настапувајќи на полувремето на Супербоул, најгледаниот спортски настан во САД.
Ријана настапи со пеење и танцување на пловечки платформи, кои полека се спуштија кон тревникот каде Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.
Таа беше облечена во црвен костим за падобран, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери облечени во бели тренерки.
За 34-годишната пејачка од Барбадос ова беше прво појавување на големата сцена во последните пет години, по турнејата на која беше кога го објави последниот албум „Анти“ во 2016 година.
Настапот на полувремето во Супер Боул е резервиран за најголемите музички ѕвезди, па со текот на годините Лејди Гага, Бијонсе, Принс, Мадона, Ролинг Стоунс и многу други ги забавуваа гледачите на стадионите и стотици милиони други пред телевизиските екрани.
Американската национална химна пред почетокот на натпреварот ја пееше добро познатиот кантри пејач Крис Стејплтон, а оскаровецот Трој Коцур истовремено ја изведе националната химна на американски знаковен јазик.