57
Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави денеска претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер.
Со тоа трошоците би ги надминале сегашните два отсто од БДП вложувања во армиите на земјите-членки, што беше поставено како актуелна цел на НАТО.
Бауер во Брисел истакна дека вкупниот процент од одвојувањето за одбрана, кој е неопходен за да се направат новите планови остварливи, е многу поблиску до издвијувањето на три отсто од БДП отколку два отсто.