Родителите на Бјанка Ценсори се плашат дека Канје ја контролира: „Тие се потресени и вознемирени“

од Radmila Tasevska
399 прегледи

Родителите на 29-годишната Бјанка Ценсори биле вознемирени откако во јавноста виделе фотографии на кои таа носи само проѕирен мантил и црни чизми до колена, пишува Дејли Мејл.

Извор близок до Бјанка изјавил дека на нејзините родители подобро им е Канје да ја контролира.

„Нејзиното семејство и пријателите се понижувани како што станува се полошо и полошо. Бјанка очигледно не сфаќа дека тоа што го носи не само што е одвратно и дава лош пример, туку потенцијално го прекршува законот. Канје е покриен со пет слоја облека на во исто време, а кога жената изгледаше како да и е ладна бидејќи е гола и завиткана во пластика, тој не и понуди ништо со што да се покрие“, рекол изворот.

„Нејзините родители се многу потресени, повеќе не ја препознаваат. Таа немаше да го прави ова доколку не ја контролираше. Канје ја заробува давајќи ѝ се повеќе и повеќе сопственост на различните проекти што ги има, вклучително и облеката.“, додаде изворот.

За потсетување, изданијата во кои Бјанка се појавува во јавноста и на социјалните мрежи на нејзиниот сопруг се претежно голи, што ги изненадува многу обожаватели на Канје бидејќи тој и забрани на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан да се облекува провокативно. Фановите шпекулираат дека Канје на тој начин се обидува да воспостави контрола над Бјанка, исто како што правеше со Ким.

Слични содржини