Родителите си го закопале живо своето дете, шаманот им рекол дека е опседнато од зли духови

од Milan1
304 прегледи

Жителите на Шајаханпур во северна Индија во текот на вечерта слушнале врисоци на дете.
Во тој момент температурата веќе се спушти на три степени. Брзо ја ископале и ја однеле во болница каде состојбата и се стабилизирала.

Таа помина околу три часа во студената земја. Дармендра Кумар прв случајно го слушнал вресокот на бебето.

-Поминував покрај езерцето околу шест и пол навечер кога го слушнав бебето како плаче. Нејзините крици ме одведоа до местото каде што беше закопана. Брзо ја ископав земјата и ја најдов жива – вели Кумар.

Тој го однел детето во блиската државна болница и ја известил полицијата.

– Тоа е толку сурова работа. Не ми се верува дека некој може да остави бебе на толку студено време, додава Кумар.

Истрагата на полицијата откри дека таткото (30) и мајката (28) го закопале своето третородено дете заедно со двајца роднини, по налог на локален шаман кој тврдел дека бебето било опседнато од зли духови?! Полицијата соопшти дека покрај таткото, уапсени се и тетката и вујкото и еден шаман додека мајката била во бегство.

– Бебето го закопа тетката откако тоа го побараа родителите на детето. На овој чекор се решиле по наговор на шаманот кој тврдел дека девојката е опседната и дека нејзиното присуство во куќата може да го уништи нивниот живот, соопшти полицијата.

Слични содржини