Романската полицијата изврши претрес во домот на шефот на кампањата на Калин Георгеску

од Aneta Risteska
17 прегледи

Полицијата утрово изврши претрес во домот на Раду Пали, шеф на предизборната кампања на поранешниот кандидат за претседател на Романија, Калин Георгеску, пренесуваат локалните медиуми.

Оваа акција предизвика жестока реакција од Георгеску, кој ја осуди како обид за заплашување.

„Полицаецот (министер за внатрешни работи Кеталин Маријан) Предоју и неколку обвинители испратија маскирани мажи во домот на мојот шеф на кампања, Раду Пали, ова утро.

Барам оваа злоупотреба да престане – не можете да не заплашите, нема да клекнеме на колена“, напиша Георгеску на својот официјален профил на Фејсбук.

Министерството за внатрешни работи на Романија реагираше брзо, истакнувајќи дека акцијата се спроведува во рамките на истрага под надзор на надлежното обвинителство, во согласност со законските прописи.

„Ги отфрламе сите неосновани обвинувања за политизирање на работата на полицијата.

Истражните активности на судската полиција се доверливи и се спроведуваат под надзор на обвинителството“, соопшти романската полиција.

Според извештаите на телевизијата Диџи24, истражителите во видеоклип што го промовира Георгеску откриле референца до компанија во сопственост на Кренгуца Пали, сопругата на Раду Пали.

На 6 декември, Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори, поради разузнавачки извештаи според кои Џорџеску го прекршил изборниот закон со лажно пријавување на нулта потрошувачка за кампањата.

Слични содржини