72
Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека постојат индиции дека се игнорирани правилата на безбедност во подземниот ноќен клуб во Букурешт, каде во пожар и стампедо загинаа 27 млади луѓе, а скоро 200 се повредени.
– „Тажен сум, но и револтиран дека трагедија од овие размери може да се случи во Букурешт.Незамисливо брзо, затоа што основните правила се игнорирани“-рече романскиот претседател.
Јоханис,после посетата на местото на несреќата, наведе дека постојат индиции дека законските прописи не биле почитувани.
-„Се надевам дека власта ќе ја спроведе истрагат брзо и точно“, додаде тој.
Истажителите веќе почнаа да собираат докази од местото и разговараат со сведоци.