Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и партнерката Џорџина Родригез ангажираа нов шеф на обезбедувањето, а исто така ги отпуштија претходните членови на безбедносниот тим поради загриженоста за нивната безбедност во Саудиска Арабија.
Португалската суперѕвезда, кој живее во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад со Џорџина и нивните пет деца, беше принуден да ја засили безбедноста на своето семејство откако доби неколку алармантни закани на социјалните мрежи, кои, наводно, предизвикале полициска интервенција.
Според пишувањата на медиумите, парот живеел мирен и убав живот откако Роналдо се преселил во Ал Наср во 2003 година, уживајќи со кученцата и излегувањата во Ријад, но сето тоа се промени неодамна кога почнаа да добиваат вознемирувачки пораки на социјалните мрежи, што го поттикна Роналдо брзо да реагира.
Така Португалецот го ангажираше безбедносниот експерт Клаудио Мигел Ваз како нов главен телохранител, пренесува „Marca“.
Ваз, кој го следат околу 12.000 луѓе на Инстаграм, е специјализиран за приватниот сектор и има искуство со работа во проблематичните населби, а својата репутација ја изгради со заштита на неколку музичари во проблематичните области на Португалија, вклучувајќи го и раперот НГА.
Ваз има работено и со фудбалерите Рафаел Леа и Желсон Мартинс, а „Marca“ исто така тврди дека одлуката за ангажирање на Ваз и отпуштање на претходниот персонал не била добро прифатена од многу луѓе блиски до Роналдо.
Се вели дека постои загриженост за застрашувачкиот и агресивен стил на телохранителот кој е многу различен од претходниот тим на Роналдо и се вели дека пристапот на Ваз не одговара на имиџот и начинот на живот на португалската суперѕвезда бидејќи неговите претходни постапки беа опишани како крајно агресивни.
Така, за време на последното патување на Џорџина во Париз, Ваз имала задача да им го одвлече вниманието на фотографите додека таа излегувала од возилото.
Тој користеше сила за да ги спречи фотографите кои се надеваа да ја завршат својата работа, што наиде на многу критики на социјалните мрежи.