Поради бројните натписи на шпанските медиуми дека Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез раскинале, се чини дека португалскиот фудбалер одлучи да стави крај на гласините со заедничка фотографија.
Роналдо на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира со Џорџина, а покрај истата кратко порачал: „Да живее љубовта“.
View this post on Instagram
Неодамнешните написи во Шпанија сугерираа дека Роналдо бил незадоволен со својата партнерка бидејќи 29-годишната инфлуенсерка станала помалку заинтересирана за семејниот живот по излегувањето на втората сезона на нејзината реалити серија „Soy Georgina“.
Родригез исто така претходно симболично одговори на медиумските написи, објавувајќи стори на кое напишала на шпански јазик: „Завидливите измислуваат гласини, трачевите ги шират, а идиотите им веруваат“.
Џорџина цитирала текст од песната на Ромео Сантос, „If I Die“, но било прилично јасно на што мисли.