Оневозможувањето на сателитите е причина за војната, изјави шефот на „Роскомос“ Дмитриј Рогозин по хакерскиот напад врз рускиот центар за контрола на летови.

„Сакам да ги предупредам оние кои се обидуваат да го направат тоа дека ова е злосторство што треба да се казни многу строго, бидејќи отстранувањето на секоја космичка констелација на која било држава од функцијата преставува „изговор за војна“, изјави Рогозин за телевизијата „Русија24“

Според него, корпорацијата ќе ги бара сторителите на овие напади и ќе ги пренесе податоците за нив на специјалните служби за иницирање криминални дејствија, пренесува „Спутник“.

Тој нагласи дека имало обиди за хакирање, но дека безбедносниот систем на Роскосмос успеал да ги одбие.

„Да, имаше такви обиди за упад во контролните центри, но нашиот безбедносен систем автоматски ги апсорбира и ги одби тие напади“, рече Рогозин.

Претходно, голем број канали на „Телеграм“ објавија дека хакерската група „НБ65“, поврзана со мрежата Анонимус, наводно успешно ја хакирала комуникацијата на Роскосмос со руските сателити.

Директорот на Роскосмос изјави дека Русија очекува гаранции дека сателитите „Ванвеб“ нема да се користат за воени цели и дека рокот за давање такви гаранции е 4 март до 21.30 часот.

Доколку тој рок не се испочитува, носачот на ракети „Сојуз 2“ ќе биде отстранет од лансирањето.

Сателитите „ВанВеб“ се наменети за реализација на вселенски комуникациски систем кој овозможува брз пристап до интернет каде било во светот.

Според претходно најавените планови, за лансирање на сателитот во вселената во 2022 година се планирани шест лансирања од ракетата Сојуз од космодромот Бајконур, како и едно лансирање од космодромот Куру во Француска Гвајана.

Претходно беше објавено дека поради ситуацијата во Украина, „ВанВеб“ се уште не одлучил дали лансирањето на сателитот од Бајконур, планирано за 5 март, ќе биде одложено.

Руската страна најави дека е подготвена да продолжи со исполнување на договорните обврски и да се подготви за лансирање.

Слични содржини