Рубио: Иранската одмазда за американските напади би била најлошата грешка

од Milan1
28 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес го предупреди Иран да не возвраќа на американските напади врз иранските нуклеарни постројки, велејќи дека таквата акција би била „најлошата грешка што некогаш е направена“.

Рубио, кој е и советник за национална безбедност на Белата куќа, за „Фокс њуз“ изјави дека Вашингтон е подготвен да разговара со Иран и дека понудата е сè уште валидна.

Тој нагласи дека Иран нема да го „надмудри“ американскиот претседател Доналд Трамп.

Рубио оцени дека „светот е побезбеден и постабилен отколку што беше пред 24 часа“, нагласувајќи дека САД „не бараат војна во Иран“ и дека целта на Вашингтон не е промена на режимот во Иран.

Државниот секретар на САД тврди дека Иран има сè што му е потребно за да произведе нуклеарно оружје.

Тој предупреди дека продолжувањето на нуклеарната програма на Иран може да го загрози опстанокот на режимот.

„Иранската програма е сериозно заостаната технички, не само поради она што го направивме синоќа, туку и поради она што Израелците го направија претходно, кои завршија одлична работа“, рече Рубио.

Слични содржини