Рубио стана в.д. администратор на УСАИД

од Milan1
15 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.

Како што јави Си-ен-ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.

Рубио рече дека „функциите на УСАИД“ мора да се усогласат со надворешната политика на САД и оти таа е „агенција која воопшто не реагира“.

– Таа треба да одговори на политичките директиви на Стејт департментот и одбива да го стори тоа, тврди тој.

Вреди да се потсети и на сослушувањето на Рубио пред американскиот Сенат, кога рече дека ќе постави три прашања пред да одлучи дали да одобри средства за странска помош. Дали тоа ја прави Америка побезбедна? Дали ја прави Америка попросперитетна?

Слични содржини