22
Aмериканскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека трите мали деца, на возраст од 2, 4 и 7 години, сите американски државјани кои ја напуштиле земјата во последните недели, не биле депортирани, туку отишле со своите мајки во Хондурас.
Децата, од две различни семејства, биле качени со своите мајки на лет до централноамериканската земја на 25 април, објавија бројни американски медиуми.
Според „Вашингтон пост“ и „Асошиејтед прес“, четиригодишното дете, кое боледува од рак во четврта фаза, сега е без пристап до лекови и без контакт со лекари. Четиригодишно и седумгодишно дете се брат и сестра.