Легендарниот шпански кошаркар Руди Фернандеш во четвртокот објави дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата.
Ова им го соопшти на новинарите на конференцијата пред натпреварот на Реал против Басконија од Евролигата (петок, 20:30 часот).
Иако не го кажа зборот „пензија“, според зборовите на Руди е јасно дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.
„Стар сум и полека почнувам да размислувам за други работи, за семејството пред се. Имам уште неколку месеци и се надевам дека ќе придонесам за тимот. Се чувствувам сакано и ова е крајот, но јас имам уште неколку месеци за уживање со моите соиграчи“, изјави Руди.
Фернандеш ја започна својата кариера во Хувентуд во 2002 година. Од 2012 година континуирано го носи дресот на Реал Мадрид со кој освои се што можеше да се освои, како и со шпанската репрезентација на која беше еден од симболите во изминатите 15 години.
Три сезони (2008-2011) го носеше дресот на Портланд во НБА лигата