Русија го повикува Генералното собрание на ОН да ги усвои белоруските амандмани на резолуцијата за Украина

од Radmila Tasevska
132 прегледи

Русија повика на усвојување на амандмани на резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Украина, предложени од Белорусија, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на специјалната седница на Генералното собрание на ОН за Украина.

Во своето обраќање во средата, Небензја нагласи дека резолуцијата, која ќе ја прогласи Генералното собрание на ОН, нема да придонесе за транзиција кон „мирно решавање на противречностите меѓу Русија и Западот што ескалираа пред една година“, пренесува ТАСС.

Небензја рече дека за да се поправи оваа ситуација, „неопходно е да се поддржат избалансираните амандмани“ предложени од Белорусија.

Слични содржини