Руското Министерство за одбрана денес ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во Транснитрија, самопрогласен регион на Молдавија, пренесува РИА Новости.
Министерството објави на Tелеграм дека Украина планира да спроведе „операција со лажно знаме“, наводен напад на руските сили од Транснитрија, како изговор за нејзината акција, според РИА.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин, тврди дека Западот и наредил на владата на Молдавија да ја прекине секоја комуникација со сепаратистичките власти во Транснитрија, објави Ројтерс, цитирајќи руски медиуми.