159
Две украински беспилотни летала беа соборени утрово над морето во Севастопол и продолжуваат со работа руските противвоздушни системи, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев.
„Повторно нападнаа украински беспилотни летала. Двајца беа соборени над морето“, изјави Развожаев на „Телеграм“.
Според него, одбранбените сили и противвоздушните системи продолжуваат да одговараат на нападот.