Бројот на жртвите од пожарот што избувна во кафуле во рускиот град Кострома се искачи на 15, потврдија денеска за агенцијата ТАСС службата за итни случаи.
„Според последните податоци, во пожарот загинале 15 лица“, изјавил за руската агенција извор од итната служба.
Во извештајот се наведува дека во овој инцидент со полесни телесни повреди се здобиле уште пет лица и дека им била укажана лекарска помош во амбуланта.