Русија тврди дека ја презела контролата врз селото Благодатноје кај Бахмут

од Radmila Tasevska
150 прегледи

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денес изјави дека руските сили ја презеле контролата врз селото Благодатноје, на околу 5 километри од Бахмут во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

Тој изјави дека во битките за Благодатној учествувале доброволци од јуришните единици, со поддршка на оперативно-тактичката и армиската авијација, ракетните трупи и артилеријата на Јужната борбена група, пренесува ТАСС.

Некои од најтешките битки во Украина се водат околу Бахмут во последните недели.