Русија без „супертенкови“ на пробата за Денот на победата

од Љубиша Владимиров
107 прегледи

Русија се подготвува за голема воена парада по повод Денот на победата. Протечените снимки од генералната проба во Екатеринбург предизвикаа загриженост. Владимир Путин направи драстични промени во концептот на парадата. Според „Билд“, сè било наводно снимено на 9 април, а објавено на 14 април, кога снимката почнала да се шири на социјалните мрежи.

На генералната проба, Владимир Путин не ги распореди т.н. „супертенкови“, а од парадата изостанаа и нуклеарните проектили. Исто така, немаше ни тенкови од Втората светска војна, кои традиционално симболизираат победа над нацистичка Германија. Наместо тоа, беа прикажани борбени единици и опрема способни за офанзива врз Украина или земја членка на НАТО во секое време.

Борбената формација вклучуваше шест тенкови опремени со кафези, мрежи и гумени ролери за заштита од беспилотни летала. Изложени беа и класичните повеќецевни ракетни фрлачи БМ-21 и БМ-30. Парадата заврши со возила за поставување мостови, камиони-цистерни, амбулантни возила, роботи за деминирање и системи за електронско војување.

„Сè што е потребно за успешна логистичка поддршка на напад врз соседна земја“, пишува „Билд“, а го пренесуваат и други странски медиуми.

 

Слични содржини