„Русија ерлајнс“ внесе 125 изнајмени авиони во домашниот регистар

од Milan1
272 прегледи

Сите 125 изнајмени патнички авиони со кои управува руската авиокомпанија „Русија ерлајнс“, подружница на државната авиокомпанија „Аерофлот“, се префрлени во домашниот регистар, објави новинската агенција ТАСС.

На почетокот на овој месец, Москва одлучи да им дозволи на превозниците да регистрираат изнајмени странски авиони и да издаваат руски сертификати за користење на авионите, како одговор на западните санкции.

Според податоците на веб-страницата на „Русија ерлајнс“, нешто помалку од 50 отсто од авионите во флотата на таа компанија биле произведени од „Ербас“ и „Боинг“, а останатите од домашниот производител „Сухој“.

Слични содржини