Русија фрли фосфорни бомби врз Азовстал, тврди Украина (ВИДЕО)

од Берта Китинска
322 прегледи

На видеото објавено на социјалната мрежа се гледа како бела светлечка муниција паѓа врз фабриката за челик Азовстал во Мариупол, што, според британскиот воен експерт Хамиш де Бретон-Гордон, изгледало како напад со фосфор или запаливо оружје.

Заменик-градоначалникот на украинскиот град Мариупол, Петро Андриушченко, тврди дека Русија фрлила фосфорни бомби врз фабриката за челик Азовстал, пренесува Ројтерс.

Британската агенција наведува дека не можела самостојно, од друг извор, да го потврди ова тврдење на украинскиот функционер.