Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

од Milan1
28 прегледи

Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој изјави дека Русија е во постојан контакт со Иран, без оглед на нивото на тензии во регионот на Блискиот Исток, пренесоа руските медиуми.

„Неколку пати предупредувавме и предупредуваме, дури и за хипотетичко разгледување на можноста за напад на нуклеарни постројки и нуклеарна инфраструктура“, рече Рјабков.

Израел по ракетниот напад на Иран на 1 октомври, најави дека ќе возврати, вклучувајќи и напади врз иранските нуклеарни централи. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху завчера објави дека Израел ќе ги послуша САД, но дека ќе одлучува за своите постапки врз основа на националните интереси.

„Вашингтон пост“ објави дека Нетанјаху и рекол на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Израел ќе ја нападне иранската војска, а не нуклеарни или нафтени постројки.

Слични содржини