Русија го раскина договорот за воено-техничка соработка со Германија

од Milan1
22 прегледи

Руската Влада денеска го раскина договорот со Германија за воено-техничка соработка, потпишан во 1996 година. Одлуката ја потпиша рускиот премиер Михаил Мишустин, објави ТАСС.

Руското Министерство за надворешни работи доби задача да ја извести германската влада за оваа одлука.

„Договорот апсолутно не одговара на моменталната состојба на руско-германските односи, кои се последица на отворено непријателската политика на германските власти и сè поагресивните милитаристички аспирации на германската влада“, се наведува во соопштението на Министерството.

Според Москва, раководството на Германија „намeрно го насочува своето население во антируски дух и отворено провоцира ескалација на воено-политичката ситуација“.

Слични содржини